fbpx

Се преврти брод со 180 луѓе во Медитеранот

-

Четири лица загинаа, а речиси 180 се исчезнати откако брод со мигранти во саботата се преврти во Медитеранот, соопштија УНХЦР и Меѓународната организација за мигранти.

Се претпоставува дека сите 180 исчезнати се загинати, соопштија официјални лица откако разговарале со четворица преживеани, двајца Еритрејци, двајца Етиопјани кои вчера вечерта стигнале на Сицилија.

По разговорот со преживеаните, кои ги опишале како истрауматизирани и исцрпени, хуманитарните работници од УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција рекоа дека дрвениот брод во петокот ја напуштил Либија со повеќе од 180 лица, кои биле со потекло од Источна Африка.

За време на пловидбата, моторот се расипал и бродот почнал да се полни со вода, а како што полека тонел, сè повеќе луѓе исчезнувале.

По повеќе часа во вода, преживеаните ги спасил француски брод кој оперира во рамките на операцијата „Тритон“ на пограничната агенција Фронтекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...