fbpx

Се отворија два нови пункта за откуп на шумски плодови

-

Два нови откупни пунктови за шумски плодови се отворија во Пилана и во Јанче. Проектот е соработка на УСАИД со Националниот парк „Маврово“ и со Општината Маврово-Ростуше.

Директорката на надзорната програмска канцеларија во УСАИД Македонија, Џенифер Коноли, истакна дека е особено важно да се ангажираат локални собирачи што ќе работат со пунктовите.

– Обучивме и помогнавме да се сертифицираат повеќе од 450 собирачи во Маврово во практиките на одржливо собирање, за да ги подготвиме за отворањето на пунктовите и да ги научиме како да ја заштитат својата локална животна средина – изјави Коноли.

УСАИД, преку својот проект за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, го поддржува порастот на секторот за шумски плодови уште од 2013 година.

На целата територија на Македонија, повеќе од 1.500 собирачи на диви растенија, шумски плодови и на печурки се обучени и се сертифицирани за одржливото собирање на овие производи.

Со практикувањето одржливо собирање, локалните популации ќе можат да ги користат придобивките од природните ресурси во Македонија, уште многу генерации.

При подготовките за отворањето на пунктовите, УСАИД донираше опрема во вредност од 5.000 долари, одржа 12 обуки за да ги сертифицира локалните собирачи на шумски плодови во методите на одржливото собирање и помогна на Националниот парк да изгради регулативна рамка за собирањето на шумските плофдови на неговата територија.

Вклучувајќи ги новите пунктови, во Националниот парк моментално функционираат три откупни пункта.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...