Се отвори Саем за мебел 2018 во „Борис Трајковски“


       
Скопје, 9 октомври, 2018 - 10:11 (META) 

Од денеска почна 44. издание на Саем на мебел 2018 кој се одржува на нова локација, комплексот ВИП арена „Борис Трајковски“ и ќе трае до 14. октомври. На Саемот има повеќе од 70 изложувачи, над 150 брендови и странски изложувачи на површина од 8.000 метри квадратни.

„Посетителите Саемот ќе го видат во целост, протоколот на движење е направен според системот на „Икеа“ каде сите потребни нешта за едно домаќинство ќе се продаваат по неверојатни саемски попусти”,  изјави проект-менаџерот на Саемот на книгата, Сања Кондарко.

Во рамките на Саемот, денеска од 12 до 14 часот ќе се одржува дебата наменета за стручната јавност, на тема „Копирањето е опасно – оригиналот е за восхит”. Билетите се веќе во продажба преку онлајн сервисот „мк тикетс“ и на билетарата на Саемот на мебел. Билетите купени онлајн се со приоритетна брза лента на движење.

Работното време на саемот е секој ден, вклучувајќи го и 11 октомври од 10 до 20 часот.