Се отвори огромна дупка на Нов Зеланд, вулканолозите среќни


       
Велингтон, 7 мај, 2018 - 13:37 (META) 

Огромна дупка се отвори на една фарма на Северниот Остров на Нов Зеланд, која има длабочина колку четири двокатни автобуси и површина колку две фудбалски игралишта, односно 20 метри на 200 метри површина.

Не се предизвикани огромни штети и нема загинати луѓе и животни, а еден ефект од оваа појава предизвикана од обемните врнежи, е што вулканолозите ќе може од дупката кај гратчето Роторуа да ги проучуваат 60.000 старите наслаги на карпи создадени од вулкан.

Експертите посочуваат дека дупката се создала бидејќи огромното количество дождовна вода ги подјала варовничките карпи по што горниот слој на земјата паднал долу, создавајќи понор.

Според вулканологот Бред Скот, дупката е на кратерот на одамна заспан вулкан.