Се крчка Пржино 2 или се домесува Пржино 1?!


       
Скопје, 6 јули, 2016 - 10:04 (META) 

„Не треба да бараме нов договор, туку треба да го реализираме постојниот. Нема време за губење. Целта ни е да завршиме, а не да одложиме. Важно е да има фер и демократски избори со реформирани медиуми и со прочистен избирачки список. Значи, да профункцинираат сите елементи од Договорот од Пржино“, вели Радмила Шекеринска за „Вистиномер“.

Специјално одделение во судовите за случаите што ќе ги процесуира Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара опозициската партија СДСМ, а потврди за „Вистиномер“, заменик-претседателката Радмила Шекеринска. Таа, сепак, вели дека конечен договор помеѓу лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, сè уште е далеку од извесен.

– Точно е дека побаравме специјално судско одделение за случаите што ќе произлезат од работата на СЈО. Само така ќе може да излезе правдата на виделина во ова корумпирано судство – вели Шекеринска.

Речиси една година по Договорот од Пржино (2 јуни и 15 јули 2015 г.), тајно, без многу официјални информации, на истото место како и лани, се случуваат нови преговори. Засега, тие се билатерални, со претставниците на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, и со кратки средби на работните групи формирани од политичките партии.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)