fbpx

Се бара виновникот за поцрвенувањето на Брегалница

-

Водата во реката Брегалница рано претпладне целосно се избистри. Синоќа речиси два часа течеше црвена вода. Кај населбата Македонка, на местото каде водата беше најцрвена, беше државниот еколошки инспектор Владимир Черкезов, кој зел примероци од водата.

– Не знаеме од каде истекуваат црвените води. Граѓани пријавија и во саботата. Излегов на терен и пет часа барав начин да дојдам до виновникот. Во близина се наоѓа поранешната фабрика „Македонка“, каде има четири капацитети што работат со боење, но во тој момент ниту еден не работеше, а водата истекуваше – рече Черкезов.

Вчера не беше првпат Брегалница да поцрвени. Во петокот водите добиле темносина, речиси црна боја, додека најсилно било обојувањето во саботата, кога на местото бил и инспекторот Черкезов.

– Има некоја инсталација која врши обојување, зедовме мостри, ќе бидат дадени на анализа и по неколку дена ќе дадеме наше видување – изјави инспекторот Черкезов.

Концесионерот на Брегалница, спортско-риболовното друштво (СРД) „Брегалница“, за оваа појава алармирал уште минатата недела. Нема помор на живиот свет, но, според секретарот на друштвото, Благој Димитров, обојувањето е речиси секојдневно и тој прашува дали некој помислил дека водата поминува низ бунарите од кои со вода за пиење се снабдувааат граѓаните на Штип.

– Жално е што водата поминува низ бунарите, од каде вода пие цел Штип. Оваа црвена боја е со години присутна и не верувам дека тој што испушта има еколошка дозвола – вели Димитров.

Во Центарот за јавно здравје, кој го контролира квалитетот на водата за пиење, денеска не можевме да добиеме информација дали водата за пиење одговара на стандардите за квалитет. Директoрот не се јавуваше на телефон, ниту, пак, некој друг одговори на службениот телефон на Центарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...