fbpx

СДСМ: Законот ја унапредува употребата на јазиците на сите немнозинските заедници

-

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се вклучи во демократските и реформските процеси треба да ги надмине политиките на деструкција, поделби и раздор помеѓу граѓаните, коишто се уште ги застапува и промовира, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

„Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот. Напротив, тој е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со неговото усвојување не губи никој, туку сите добиваат, а со тоа најмногу добива Република Македонија. Не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како единствен службен јазик и писмо на целата територија, во меѓународните односи, централната полиција, одбраната и монетарната политика“, велат од владејачката партија.

Од СДСМ потенцираат дека законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија која се гради како едно општество за сите граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...