fbpx

СДСМ закажа Централен одбор, Беса во 15 часот ќе соопшти дали ќе биде дел од владата

-

СДСМ за вечерва закажа вонредна седница на Централниот одбор на која ќе се разгледува и одлучува за понатамошните насоки за преговорите за новата влада како и за кандидатите за министерските позиции.

Доколку денеска успее да се екипира владиниот кабинет, односно да се поделат ресорите, тогаш се очекува мандатарот Зоран Заев вечерва да го достави предлогот за составот на новата Влада до Собранието.

Седница на партиското раководство денеска од 13 часот ќе има и Движењето Беса на која треба да реши дали ќе учествува во владата за таа да има поддршка од 67 пратеници или ќе биде изгласана со 62 пратеници. Донесената одлука Беса ќе ја соопшти и образложи на прес-конференција закажана денеска во 15 часот.

ДУИ доцна синоќа на состанокот на централното претседателство одлучи во новата влада да ги предложи Хазби Лика за вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билент Салиу да води со ресорот правда, Садула Дураку за министер за животна средина, Куштрим Бектеши за местото министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

-Имаме четиригодишен мандат и планираме да го истераме докрај. Министерството за здравство и Министерството за локална самоуправа им припаѓаат на нашиот коалициски партнер, на Алијансата за Албанците – рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на партискиот состанок

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...