fbpx

СДСМ: Заев во Израел имаше планирани и средби надвор од агендата

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при својата посета на Израел, беше примен на највисоко државно ниво, стои во соопштението на СДСМ.

„Претседателот Заев во Израел имаше успешни средби по планирана агенда и бројни дополнителни средби надвор од договорената агенда, за што известија и медиумите“, се вели, меѓу другото, во соопштението на опозициската партија.

Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Орјан, запрашан дали лидерот на СДСМ, Заев, за време на посетата на Израел имал средба со шефот на Мосад или друг преставник на израелската тајна служба, за државната новинска агенција МИА изјавил: „Колку што ни е познато, немало средба со заменик-шефот на Мосад“, како и дека „таква средба не била ниту планирана“.

Орјан во изјавата за МИА, потврдил дека Заев имал средба со претседателот на Израел, Руевен Ривлин, и средба со министерот за внатрешни работи, Силван Шалом.

Дел од медиумите што ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на партиски извори, информираа дека претседателот на СДСМ имал средба со вториот човек на Мосад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...