fbpx

СДСМ: За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

-

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета за поплавените граѓани, дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции, се вели во соопштението на СДСМ.

– И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денеска самите признаа дека не се во состојба од тие средства да одвојат само седум проценти и да ги наменат за санирање на штетите од поплавите – се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму предлагаат, 20 милиони евра од четвртата еврообврзница, што беа наменети за бегалската криза да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите.

– Истовреме Владата под итно да се откаже од 15 милиони евра најавени за рајската градина во општина Аеродром и од 18 милиони евра за панорамското тркало. Со пренамената на средствата од кој било од овие два проекта, заедно со средствата од четвртата еврообврзница, нема да има потреба од никакво дополнително задолжување. Елементарните потреби и проблеми на граѓаните на Македонија мора да бидат ставени како приоритет пред изградбата на тркала и градини – велат од СДСМ.

Тие бараат што побрзо да започне исплатата на штетите на настраданите од поплавите, под еднакви услови за сите граѓани, без партиски списоци и без никакви дополнителни кредити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...