fbpx

СДСМ води во 50 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 9, ДУИ во 12 општини

-

Според 99,45 отсто од преброените гласови, според неофицијалните и нецелосни податоци на веб-страницата на Државната изборна комисија, СДСМ победи во првиот круг или ќе влезе со водство во вториот круг во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во девет, а ДУИ во 12 општини.

Владејачкиот СДСМ е победник и на изборите за прв човек на Град Скопје, со убедлива предност на Петре Шилегов над Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го водеше главниот град во изминатите два мандата.

Катастрофалниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори според прелиминарните нецелосни резултати од Државната изборна комисија, се гледа и во загубата на голем број општини што досега важеа за бастиони на ВМРО-ДПМНЕ и во неколку мандати наназад беа во нејзини раце или во рацете на нејзините коалициски партнери, како што се Прилеп, Битола, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Кратово, Македонски Брод, Вевчани, потоа речиси цела Источна Македонија, како и голем дел од југоистокот на земјата и Тиквешијата.

СДСМ успеа да го освои и градоначалничкото место во Арачиново, убедливо победувајќи ги кандидатите на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците, кои заедно имаат помалку гласови од Миликије Халими од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи или ќе влезе со водство во вториот круг во општините Илинден, Петровец, Сопиште, а води во Штип, Брвеница, Зрновци, Кавадарци, Новаци, Пробиштип и во Чешиново – Облешево.

Изненадувачки, во Тетово, градот кој неколку години наназад се соочуваше со многу проблеми, како водоснабдувањето и загадениот воздух, како и претераната изградба и преоптоварениот сообраќај, победи Теута Арифи од ДУИ, која го водеше градот под Шара во изминатиот мандат.

Се очекува ДИК денеска да ги соопшти првичните официјални резултати од вчерашните локални избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...