fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секој ден пласира скандалозни и морбидни лажни вести

-

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно создава лажни вести со што се обидува да внесе страв кај граѓаните, се вели во утринското соопштение на СДСМ.

Во него се додава дека лажни вести се „градењето на станови за бегалци како и укинувањето на зголемувањето на пензиите.“

„Лажна вест е дека ќе се враќаат сините картони, како што беше лажна вест и морбидната приказна за наводно почината девојка поради лекарска негрижа, што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно со денови ја пласираше во јавноста. Исто како што беше лажна веста дека има починато лице во пожарите, иако ниту една надлежна институција официјално не соопшти дека лицето починало во пожар“, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека „додека ВМРО-ДПМНЕ беше владејачка партија ги плашеа граѓаните со бркање од работа, апсења и насилство, а сега продолжуваат со лажни вести кои се повеќе се скандалозни и морбидни.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...