fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум

-

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ како реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ 10 години во секој јавен настап, во секоја изборна програма тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со името. Денес, кога постои Конечен договор, кога референдумот е извесен, ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум. На ВМРО-ДПМНЕ очигледно не му се важни интересите на граѓаните, ниту му е важна иднината на државата. Единствената политичка мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е амнестија на криминалот на врвот на нивната партија и судбината на Никола Груевски“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека тие како партија имаат обврска пред граѓаните да ја обезбедат иднината на Македонија и потенцираат дека никој не смее и никој нема да им го ускрати правото на граѓаните на референдум, слободно да одлучат за својата иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...