fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го користи Законот за јазиците за блокада на реформите

-

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски, дејствува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека „видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира влада.“

„Откако не успеа, денеска законот го користи единствено како изговор за блокада на реформскиот процес. Очигледно, кога зборува за некакви политички концесии, Мицкоски мисли на концесиите што му ги оставил токму Никола Груевски. Наместо промовирање на политиките на поделби коишто граѓаните ги поразија, Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во партија којашто ќе дефинира соодветен начин на политичко делување во интерес на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.

Од СДСМ повторуваат дека „Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес е на сите граѓани.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...