fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да се вклучи во реформските процеси

-

Од СДСМ како реакција на прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски велат дека целосно се неосновани тврдењата дека нема услови за демократско функционирање на Собранието.

Од таму додаваат дека граѓаните и целокупната јавност од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат конечно да се ослободи од политиките на поделби, блокади и деструкции и да земе активно учество во спроведувањето на зацртаните реформи.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред интересите на граѓаните и државата и конструктивно да се вклучи во реформските процеси што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што истовремено е врвен државен и национален интерес“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...