fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лицитира со датуми за локални избори како да е на лотарија

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакција на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да лицитира со датуми за локални избори како да станува збор за лотарија.

„Од ВМРО-ДПМНЕ да престанат лицемерно да лицитираат со датуми за локални избори како да се на лотарија додека ги оставија граѓаните на цедило без градоначалници! Да престанат да го притискаат Ѓорге Иванов да одолговлекува со давањето мандат за составување на новата влада и веднаш да ги одблокираат демократските процеси. Така Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе помогнат да се обезбеди законска можност за одржување на локалните избори“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека ако досега беше избрана новата влада, немало да има потреба од денешната прес-конференција на Милошоски бидејќи досега ќе беа распишани локалните избори.

„Да мислеа Груевски, Милошоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, немаше самите на себе да си реплицираат во Собранието и да кочат легитимно формираното парламентарно мнозинство да ја формира новата влада, а знаеја што ги чека граѓаните од 15 мај кога завршува мандатот на градоначалниците и на советите. Ако беше избрана новата влада, досега ќе беа распишани и локаланите избори. Повикуваме чесните и одговорни членови на ВМРО-ДПМНЕ да прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и да се постават конструктивно во демократските процеси, што водат кон избор на новата реформска влада, а потоа и кон распишување на локаните избори“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.