fbpx

СДСМ: Власта лаже за БДП и за долгот, по критиките од Хан за штетите врз економијата

-

„За кратко време ќе има ревизија на објавените податоци од страна на Министерството за финансии и од страна на Државниот завод за статистика, за сите економски показатели што се обидува да ги крие власта во заминување, во обид да ги покрие катастрофалните резултати во економијата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека Министерството за финансии прикажува намалување на јавниот и на државниот долг во релативни бројки, повикувајки се на нереални податоци што очигледно вештачки ги конструира контролираниот Државен завод за статистика.

– Државниот завод за статистика ќе мора да објасни, како е можно во услови на реален економски пораст од 2,4 проценти и во услови на дефлација, да прикаже номинален пораст од 8,8 проценти на домашниот бруто-производ. Граѓаните на Македонија, стручната јавност и меѓународните финансиски институции мора да знаат како е можно бруто-инвестициите во 2016 година да бележат пад од 4,3 проценти, а номинално да се зголемуваат за речиси 20 проценти, повторно во услови на дефлација. Во последната објавена табела на Министерството за финансии, јавниот долг во апсолутен износ е непроменет и изнесува 4.711.000.000 евра – велат од СДСМ.

Оттаму велат дека станува збор за лаги на досегашната власт, по конкретните критики од еврокомесарот Хан дека последните неколку месеци ѝ наштетија на економијата на земјата, поради што е потребно да се одблокираат процесите и Македонија што побргу да ја добие новата реформска влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...