fbpx

СДСМ: Владата ги намали долговите за 55 милиони евра

-

Владата предводена од СДСМ, за 55 милиони евра ги намали долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше за луксузирање и за криминално богатење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот.

Во реакцијата на владејачката партија се додава дека ВМРО-ДПМНЕ, 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжувала граѓаните, а парите од задолжувањата ги трошела за лускузирање и за криминално богатење на поединци.

„За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, новата влада предводена од СДСМ преку ребалансот ги крати непродуктивните трошења и парите ги враќа кај граѓаните“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...