fbpx

СДСМ ветува укинување на партиципацијата за болничко лекување

-

Новата реформска влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување и ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници, изјави денеска на прес-конференција Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ.

– Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски клинички центар што ќе обезбеди високо квалитетни услуги на граѓаните од целата држава. Ќе го преиспитаме скандалозниот, сомнителен, тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања во овие моменти на формирање нова влада. Клиничкиот центар е ветен во 2012 година, а до денес единствен резултат се само тарабите пред кои се сликаа Тодоров и Груевски – вели Шахпаска.

На новинарско прашање дали СДСМ ќе предложи кандидат за претседател на Собранието или ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, Шахпаска рече дека в понеделник на продолжувањето на конститутивната седница на Собранието ќе биде соопштено она што претставува договор на 67 пратеници од новото парламентарно мнозинство околу кадровското решение за нов претседател на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...