fbpx

СДСМ ветува дека ќе го укине екстерното тестирање

-

Доколку победат на избори, од СДСМ ветуваат дека во интерес на учениците, професорите и на родителите ќе го укинат екстерното тестирање, кое, според партијата, е неуспешен проект што предизвикува стрес кај децата и фрустрации кај наставниците.

– Екстерното тестирање е еден од најнеуспешните проекти на Никола Груевски во образованието. Ниту нешто мери, ниту нешто подобрува. Само ги зголемува фрустрациите кај наставниците, стресот кај децата, учениците и кај родителите. Квалитетот на образованието не беше воопшто цел. Упорноста со која ВМРО-ДПМНЕ го турка овој проект и покрај огромниот револт и протести на учениците и на родителите, покажува дека власта во заминување не мисли на учениците. Од утрово лошиот систем за екстерно тестирање повторно не функционираше. Со часови матурантите чекаа во училиштата за да го полагаат тестот. Никој не презеде одговорност за тоа што учениците се држеа толку долго време во училиштата иако немаше услови за полагање – вели Дарко Каевски, потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Според Каевски, екстерното тестирање е наменето за врз илјадници наставници да се врши постојан притисок и за да им се наметнува партиска контрола. Од партијата велат дека наместо екстерно тестирање, потребен е вистински развој на образованието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...