!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

СДСМ: Вељаноски безобразно одолговлекува и си поигрува со волјата на граѓаните


       
Скопје, 17 март, 2017 - 16:32 (META) 

Одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго, реагираат од СДСМ.

„Објаснувањето на Велјаноски дека граѓаните на Македонија треба да чекаат Илија Димовски да се врати од пат, за да се одржи продолжението на конститутивната седница, е безобразно и несовесно поигрување со волјата на граѓаните кои со месеци го чекаат формирањето на новата влада, како и понижување на Собранието“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека ако Димовски е на пат, може да го претставува негов заменик.

„По три месеци неработење, што му е друга обврска на Илија Димовски освен да е во Собранието кога има должност да ги извршува важните парламентарни обврски. Неодговорното однесување на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека тие воопшто не водат сметка за интересот на граѓаните и тоа ќе заврши многу бргу“, стои во соопштението и се додава дека демократските процеси се незапирливи.