fbpx

СДСМ: „Веибо груп“ наместо во Македонија ќе инвестира во Србија

-

„Во виртуелниот свет на инвестиции и на вработувања на Никола Груевски, минатата година граѓаните на Македонија беа повторно излажани дека доаѓа светската компанија „Веибо груп“, која требаше да вработи 5.600 луѓе од Крива Паланка, Ранковце, Кратово и од Куманово. Последните информации говорат дека „Веибо груп“ во октомври годинава најавила дека инвестицијата, сепак, ќе ја реализира, ама во Врање, Србија“, се вели во соопштение на СДСМ испратено до јавноста.

Според опозициската партија, ова не е прва компанија што решила својот капитал да не го инвестира во Македонија.

– И данската „Грудхост“, на крај, одлучи својата инвестиција да ја реализира во Србија. И странските компании разбраа дека во Македонија има „андуинг бизнис“ услови за водење бизнис штом решаваат својот капитал да го инвестираат во соседните земји. „Андуинг бизнис“ условите за водење бизнис во Македонија ги натераа и домашните фирми и бизниси сè почесто да се селат во соседна Србија заради подобрите услови што им ги нуди за работа – се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Груевски ветуваше повеќе од 307 милиони евра странски директни инвестиции кои никогаш не се реализираа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...