fbpx

СДСМ: Уставниот суд да се изјасни за Законот за СЈО

-

„Како е можно повеќе од осум месеци Уставниот суд да не презема ништо во однос на иницијативата за Законот за Специјалното јавно обвинителство? Ако можеше Уставниот суд за само пет дена да поведе постапка и за само седум дена да донесе одлука за иницијативата на ДУИ, би требало да може и за СЈО“, велат од СДСМ.

„Повеќе од осум месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото. Нема што да чека, Уставниот суд треба веднаш да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана. Само на тој начин ќе се овозможи непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија, која вистински се бори против криминалот и корупцијата“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека основен принцип на демократијата е владеењето на правото и тој принцип мора да биде обезбеден. Затоа, според опозицијата, приоритет за Уставниот суд треба да биде потврда на уставноста на Законот за СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...