fbpx

СДСМ: Новиот воз не се употребува веќе три месеци, поради лошата состојба на пругите

-

„Речиси три месеци не е во употреба новиот воз што го промовираше Никола Груевски. Возот има проблем да се движи по железничките пруги, кои се во катастрофална состојба. На ова предупредивме кога Груевски влезе да се слика во возот, ветувајќи чуда“, вели Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

– За цела деценија мандат, Никога Груевски не изгради ниту еден километар нова пруга, а потроши милиони евра пари на граѓаните за споменици. Каде се сега министрите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат и да се сликаат до возот во застој? Во виртуелниот свет на Груевски, Македонија требаше да има шест нови возови, но и обновена инфрастуктура. Во реалноста има стари, небезбедни пруги. Возови по пругите нема. А и онаму каде што ги има, доцнат по неколку часа и граѓаните смрзнуваат бидејќи внатре нема греење – вели Бочварски.

Бочварски вели дека Македонија останува земја со многу слабо развиена железничка инфраструктура, со само 27 километри пруги на површина од 1.000 квадратни метри. Тој додаде дека СДСМ во програмата предвидува прецизни мерки за вистинска модернизација и за проширување на железничка инфраструктура во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...