fbpx

СДСМ: Со ребалансот, продолжува економското исцрпување на граѓаните и на фирмите

-

СДСМ смета дека понудениот ребаланс на буџетот е само уште еден чекор во проектот на кумашинската двојка „Немаме за леб, а трошиме за чоколади“. Според опозициската партија, со ребалансот продолжува економското исцрпување на граѓаните и на стопанствениците.

„Како и сите претходни години, Ставрески, според своите лични признанија, што ги слушна целата јавност преку проектот „Вистината за Македонија“, вештачки ги дува приходите за лажно да го проектира дефицитот што секоја година се зголемува, а со тоа се зголемува и задолжувањето“, се вели во соопштението на СДСМ за ребалансот на буџетот.

Тие во него ги наведуваат следните нелогичности:

  • Само Ставрески и Груевски може да предложат ребаланс во кој ја намалуваат стапката на пораст за повеќе од 10 проценти, а истовремено проектираат дека приходите ќе се зголемат;
  • Ставрески и Груевски манипулираат дека во 2015 година приходите може да изнесуваат фантастични 167 милијарди денари. Доколку се задржи сегашниот месечен просек на приходите, тие нема да надминат повеќе од 160 милијарди денари. Тоа ќе значи нов дефицит од 6 милијарди денари, што заедно со планираниот ќе изнесува повеќе од 430 милиони евра!
  • Груевски и Ставрески ја коригираат стапката на пораст од 4 на 3,5 проценти од БДП за 2015 година, а продолжуваат да манипулираат дека тој за 2015 година ќе изнесува 9 милијарди евра.
  • Груевски и Ставрески говорат за наводно добар буџет, а кријат дека до мај се реализирани капитални инвестиции во висина од неполни 90 милиони евра или само 25 проценти од планираните 360 милиони.

„Очигледно Груевски не може да се договори со себе или со кумот Ставрески во каква состојба е економијата, зашто ако буџетот е во „одлична кондиција“ тоа значи дека премиерот три месеци непотребно ја плаши јавноста дека политичката криза предизвикала криза во економијата. Фамилијарно-криминалната структура на власт ќе одговара за сè што им украде на граѓаните на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...