fbpx

СДСМ: Со одложувањето се потврдува незаконитоста на еврообврзницата

-

Денеска агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана, се вели во соопштението на СДСМ по информацијата за одложувањето на издавањето на еврообврзницата.

Во него се додава дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе прекршува неколку закони на Република Македонија.

– Одложувањето е потврда дека сите аргументи и апели за ова финансиското злосторство по налог на Никола Груевски од 650 милиони евра е незаконско и на штета на граѓаните, економијата и на идните генерации. Сите инволвирани страни во процесот на издавањето на еврообврзницата се обврзани да дејствуваат во рамки на важечката правна регулатива – се додава во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија информира дека и понатаму нема да отстапи од ставот дека доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која беше издадена еврообврзницата во ноември 2015 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...