fbpx

СДСМ со нови снимки за изборни нерегуларности и за манипулации во Струмица

-

Пратеникот на СДСМ, Панче Орцев од Струмица, денеска презентираше снимки од разговори за, како што рече, изборните измами во општина Струмица. Тој објави разговори помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски, меѓу премиерот и Драган Павловиќ-Латас, Мендух Тачи и Сашо Мијалков, како и нов разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

Во првата објавена аудиоснимка, според опозицијата, Миле Јанакиески на соговорникот му вели дека ќе влезе пазарна инспекција во едно маало во Струмица и го замолува за чести инспекции таму, секој ден.

Во вториот разговор, пак, Миле Јанакиеси зборува со Спиро Ристовски за откупните цени на зелката во Струмица, а Ристовски му вели на Јанакиески дека ја спуштаа зелката од 10 на четири денари и дека земјоделците сакаат да излезат на улица и да ја иструрат зелката.

Во следната аудиоснимка што беше денеска објавена на прес-конференција на СДСМ во Струмица, според Орцев, Миле Јанакиески и Горан Трајковски зборуваат за затворањето на дуќни во Струмица и за реакциите на граѓаните.

ГТ: Ние од 24 колку списокот го дале, 8 казни јаки паднале по 4.800 евра, две затварања, да, кај овие откупувачите за непресметан персоналец при откуп и дуќани. Ама овие ти што ми ги спомињаш 4 дуќана кај Циганите, у тоа Турско маало, тој список никој не им го дава на нашите.
МЈ: Ама не, не. Таму тие се на лице место, шо… Нема список.
ГТ: Е, па, што на лице место, ама треба некој да им каже. Ја ги прашувам моите, бевте ли во тоа Циганско маало, 4 пиљари што има да ги видите? Не бе, вика, никој не нè однесе.

Во следниот разговор Миле Јанакиески со соговорник зборува за инспектори кои се пратени во фирми блиски на СДСМ. Соговорикот му вели дека има десетина пазарни, трудови и даночни инспектори.

Силвана Бонева и премиерот Никола Груевски, пак, на друга снимка од тие што денеска Орцев ги објави во Струмица, разговараат за рекет кон некои фирми во градот. Бонева го информира дека многу рекет барале и дека сето тоа излегло од контрола.

НГ: Кој рекетирал?
СБ: …На самата кампања. Славе Гошев.
НГ: Од кого?
СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…
НГ:Чекај, ама рекет, што е рекет?
СБ: И веќе е сосопственик на Вега…
НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.

Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица), во разговор од друга аудиоснимка, се договараат за лични карти за граѓани од Срумица.

МЈ: А бе има 300 лични карти за Струмица. Во тек си?
МН: За да се прават или треба да стигнат?
МЈ: Да се прават.
МН: Ууфф…

Беше објавен и разговор меѓу  Драган Павловиќ-Латас и Никола Груевски во кој разговараат за изборите во Струмица и за тоа што ќе се случува во Кичево.

НГ: Утре кичевчани да ги чуеме што ќе кажат.
ДПЛ: Тоа, па и на Нино му викам, прво кичевчанецот, па после, после на крај ти.
НГ: Задутре експертите, у недела нешто ретроспектива ќе кажат.
ДПЛ: И колку кошта Заев. Колку кошта местото на Заев?
НГ: Знаеш што сега ние правиме? Знаеш што правиме сега? Договараме со ДПА они да нè поддржат и да го заебеме и Заев. Леле, каква чивија ќе биде тоа, хахахаха.

Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров разговараат за инцидентите и се договараат да излезат на прес-конференции и да викаат дека е мирно, а во разговорот помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески се зборува за проблемите во Куманово и за пукањето во Струмица.

Во последнот разговор што денеска беше објавен на прес-конференцијата на опозицискиот СДСМ во Струмица, Миле Јанакиески и Јово Вангеловски (претседател на Врховен суд на РМ) разговараат за предметот „Глобал“ и за решение кое нема печат. Вангеловски му гарантира на Јанакиески дека лично ќе му го даде решението со печат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90...