fbpx

СДСМ со кривични пријави за функционери на ВМРО-ДПМНЕ за анкетните листови

-

СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници и кои поднеле по два анкетни листа за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), еден како министер и еден како пратеник.

– Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Ова што го направиле министрите од ВМРО-ДПМНЕ кои се и пратеници, е кривично дело и затоа против нив поднесуваме кривични пријави и очекуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат – соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Тој истакна дека Емил Димитриев, кој поднел два анкетни листа, еден како премиер, а друг како пратеник, и Елизабета Канческа-Милевска, која исто така поднела два анкетни листа, како пратеничка и како министерка, внимавале податоците од анкетните листови да се совпаѓаат. Сепак, како што рече Шилегов, во анкетните листови на Никола Попоски има различни податоци.

– Најневнимателен бил Никола Поповски. Тој не само што поднел два анкетни листа, и како министер и како пратеник, туку не му се совпаѓа ни вредноста на пријавениот имот. Министерот Поповски има стан во Брисел од 13.800.000 денари. Пратеникот Поповски има стан во Брисел од 14 милиони денари. Министерот Поповски има „ауди“ од 900.000 денари. Пратеникот Поповски има „ауди“ од 860.000 денари. Сопругата на пратеникот Поповски има за 10.000 евра поголеми заштеди во Белгија од сопругата на министерот Поповски. Исто така, пратеникот Поповски има поголеми заштеди од министерот Поповски во Стопанска банка, за 2.300 евра, има 100.000 денари на трансакциската сметка и има намален кредит – рече Шилегов.

Шилегов рече дека функционерите кои се и министри и пратеници си ги поднеле ваквите анкетни листови до Антикорупциската комисија, и додаде дека уште поскандалозно е тоа што комисијата си молчи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...