fbpx

СДСМ: Со еврообврзницата задолжувањето на странскиот пазар ќе биде 920 милиони евра

-

„Со евентуалното издавање на еврообврзница од лудачки 650 милиони евра, Груевски само во рок од осум месеци ќе ги задолжи граѓаните, само на странскиот пазар, за 920 милиони евра. Доколку оваа еврообврзница се издаде, јавниот долг во еден ден ќе скокне на вртоглави 54 проценти од домашниот бруто-производ (БДП)“, се вели во соопштението на СДСМ за новото задолжување на Владата преку издавање еврообврзница во висина од 650 милиони евра.

– Тоа е финансиско, економско злосторство врз граѓаните и врз идните генерации, надвор од паметот и разумот. Можноста да се користат евтини кредити од ММФ или да го извлече максимумот од неповратните средства преку ИПА-програмите што е во корист на граѓаните на Македонија, е загубена – се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека одлуката за новата еврообврзница ќе биде незаконска и по изгласувањето на ребалансот на буџетот бидејќи сумата од 650 милиони евра ја надминува ставката за странски задолжувања и со предлог-ребалансот на буџетот.

– Новиот министер Миноски, сите членови на Владата и потенцијалните кредитори ги предупредуваме дека на сила се промените во Законот за Влада (Сл. весник број 196/15) направени во согласност со Договорот од Пржино. Ова значи дека оваа еврообврзница, која Владата од петни жили се обидува да ја протурка пред да замине од власт, мора да ја има истата процедура за издавање како и претходната еврообврзница од минатата година. Во спротивно, таа ќе биде незаконска и не може да се третира како јавен долг на Македонија – се додава во соопштението на СДСМ.

НСДП за новото задолжување смета дека „Никола Груевски во последните мигови од својот политички живот на идните генерации им скрои грчко сценарио“, со единствена цел – да го финансира клиентелизмот и да троши пари на забегани проекти од типот на „Скопје 2014““.

-„Големиот економски реформатор“ на секое новороденче му скрои дополнителни 3.000 евра долг. Наместо разврска на политичката криза преку организирање на фер и демократски избори, Груевски очајнички посегнува по ново задолжување, надевајќи се дека со 650 милиони евра ќе ја купи својата „невиност“ и ќе се спаси од политичката и правна одговорност за сите криминали направени во изминатиов десетгодишен период – се вели во соопштението на НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...