fbpx

СДСМ со антидржавен обид сакаше да ја наруши финансиската стабилност, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

-

„Цел СДСМ лаже како Заев. Kолку и да лажe, не може да го одвлечe вниманието од фактот дека токму СДСМ изврши чин на финансиски тероризам поради кој граѓаните ќе останат без 25 милиони евра. Колку и да пласира СДСМ манипулации и измислици од фабриките за афери, ништо не го пере срамот од антидржавниот обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

СДСМ станува вистинска „жолт-печат“ партија, се вели во соопштението од владејачката партија.

„Граѓаните знаат дека СДСМ бесрамно одлучи со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата. Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното дејствување на Заев и на СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи од Бихаќка. 25 милиони евра кои можеа да се искористат за изградба на нови или реконструирање на постојни училишта, студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки или болници, ќе завршат во туѓи џебови само поради финансискиот тероризам на СДСМ“, се вели во реакцијата.

Во иста таква вештачки креирана паника со лаги за наводна девалвација на денарот, пишува понатаму, финансиските терористи од СДСМ на чело со аболираниот криминалец Зоран Заев свесно креираа паника и натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.

„СДСМ се грижи само за личното богатење, нарушување на угледот на Република Македонија и одржувањето на состојбата на криза и на агонија за граѓаните. СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. Интересот за издадената еврообврзница е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат со единствена цел да и наштетат на Република Македонија. Граѓаните тоа добро го знаат и затоа не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите“, стои во соопштението од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...