fbpx

СДСМ, сепак, ќе го одржи протестот в недела

-

Најавениот протест на СДСМ, сепак, ќе се одржи в недела, најверојатно во 14 часот.

Изворите на „Мета“ оставаат можност раководството на партијата да ја промени одлука за времето на одржување на протестот.

Како што дознаваме, синоќа се одржал состанок на Советот на партијата, во кој членуваат основачите на СДСМ, како и седница на Градската организација на партијата.

И во двете тела мнозинството одлучило протестот да се одржи, иако имало и поинакви мислења, од тоа тој да се одложи, до мислење да се промени целата стратегија.

Било, исто така, одлучено и „бомбите“ да продолжат, но со динамика која ќе ја одреди раководството на партијата.

Денеска, пак, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, треба да се сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Еден од основачите на партијата, Ѓунер Исмаил, кој бил на состанокот на Советот, ни изјави дека одлуката да се одржи протестот е донесена, а сè уште се размислува за идната стратегија.

– Се разгледуваа сите аспекти, дали да се одржи или не. Одлучено е да се одржи протестот, а за часот остана да размисли потесното раководство. За понатамошната динамика, пак, ќе се разговара во иднина – ни изјави Исмаил.

И Софија Куновска, претседателка на Градската организација на СДСМ, потврди дека мнозинството одлучило, сепак, протестот да се одржи, иако ниту негираше, ниту потврди, дека за почеток е одлучено да биде 14 часот.

– Се договараа деталите за митингот. За точно како ќе биде сценариото ќе се знае пред протестот, затоа што не сакаме сè да ѝ откриеме на власта – рече Куновска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...