fbpx

СДСМ: Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво

-

Државата мора без одложување да профунционира за граѓаните, кои четири месеци чекаат да се реализира нивната јасно изразена волја за промени, вели СДСМ во утринското соопштение.

„Трајко Велјаноски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и вршителот на должноста претседател на државата, Ѓорге Иванов, се должни да дозволат демократските процеси да продолжат! Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на владата низ мирен трансфер на власта. Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и на правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекува одговорност“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво и оти опструкциите што се вршат мора веднаш да престанат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...