fbpx

СДСМ: Реформите ќе се спроведат и покрај опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ

-

Јавноста ги препозна лицемерието, деструкцијата и блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која очајно се обидува да го блокира спроведувањето на зацртаните реформи за кои гласаше мнозинството граѓани и кои носат повисоки плати, нови работни места, независни институции и подобар живот за сите, реагира СДСМ на тврдењата на пратеникот на опозицијата Драган Данев дека владејачката партија само декларативно сака инклузивност и соработка со опозицијата.

„Додека Драган Данев обвинува за блокади, токму тој и неговите партиски колеги во Собранието на секаков начин се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и собраниските тела. Преку формирањето десет пратенички групи во Собранието, преку лицемерното поднесување на седумстотини амандмани за буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ експресно ги одбиваше додека беше власт и преку скандалозното однесување на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет од нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ докажа не ја интересираат граѓаните, туку дека се грижи единствено за интересите на партијата“, се вели во реакцијата.

Од партијата додаваат дека и покрај сите блокади и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни дадените ветувања за повисок животен стандард, нови работни места и за професионални институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...