fbpx

СДСМ: Расипничкото трошење на Груевски ни остави јавен долг од 4,7 милијарди евра

-

„Расипничкото трошење на буџетските пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ резултираше со историски највисок јавен долг во висина од 4,7 милијарди евра“, обвини денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Според СДСМ, огромниот јавен долг и непродуктивното задолжување се единственото наследство од десетгодишното владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека илјадници млади ја напуштаа земјата, а граѓаните преживуваа, Никола Груевски, Зоран Ставрески и Кирил Миноски неконтролирано ја задолжуваа државата за да си ги задоволат сопствените желби и каприци. Наместо да спроведуваат издржани економски политики, тие десет години се занимаваа со задолжување и со криење на долгот кон домашните компании. Груевски и ВМРО-ДМНЕ ја донесоа економијата пред бездната, а со расипничкото задолжување ги заглавија идните генерации да ги враќаат долговите направени заради популизам“, велат од СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека новата влада предводена од СДСМ со буџетот ќе раководи транспаретно и одговорно, а криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

„Ќе формираме независен фискален совет кој ќе обезбеди транспарентност во фискалната политика и кој ќе биде составен од независни експерти кои ќе се избираат во Собранието. Како најважна мерка против задолжувањето, ќе биде ставањето крај на непродуктивното задолжување. Никогаш повеќе Македонија нема да се задолжува за градење споменици, галии и панорамски тркала. Никогаш повеќе нема да се задолжува за да се финансираат скапи и неодржливи проекти“, стои во соопштението од најголемата опозициска партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...