fbpx

СДСМ: Програмата на новата влада ја штити унитарноста на државата

-

Програмата на новата реформска влада, која ќе донесе промени во Македонија, е единствената реална платформа што ја гарантира унитарноста, слободата, демократијата и еднаквоста на сите граѓани, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што ги издаваат државните и национални интереси на граѓаните на Македонија преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и со меѓународната демократска јавност, за да го заштитат криминалот, да се спасат од одговорност и да спречат мирен трансфер на власта – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „ниту една закана, ниту едно прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските процеси кои се случуваат“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...