fbpx

СДСМ: Продолжува нелегалното производство и продажба на забранет тутун

-

Со нечија заштита и одобрување во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија, велат од СДСМ.

„Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува од 2 до 3 евра за килограм. Приносот од производство на нелегалниот тутун Вирџинијата изнесува 2 тони на хектар. Со тоа од 100 хектари се добиваат 200 000 килограми. Така добивката од овоа незаконско одгледување на тутун изнесува 2 милиони евра. Власта на Никола Груевски во заминување треба да објасни кој дозволува вакво нелегално производтсво на тутун? За коешто патем дополнително се овозможуваат услови за наводнување коишто останатите земјоделци ги немаат. Кој врши нелегален откуп на овој тип на тутун, каде го извезува и во чии чебови завршуваат милионски суми од нелегалното производство? Кој ќе понесе одговорност за овој криминал?“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Македонските тутунари не смеат да бидат ставени во подредена положба во која тие својот тутун ќе го продаваат за три пати пониска цена од неколкумина кои со нечија поддршка незаконски доаѓаат до брза и голема заработувачка. Тоа потценување на оние коишто чесно заработуваат на сметка на криминалот.

СДСМ апелира до Министерството за земјоделство и Инспекторатот да не молчат туку да преземат мерки за итно спречување на овие дејствија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...