fbpx

СДСМ Прилеп поднесе кривична пријава против директорот на прилепската гимназија

-

СДСМ Прилеп денеска поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, за кој велат дека извршил тешка злоупотреба на службената положба и овластувања.

– Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата, ги поттикнувал учениците на протести, на кои се шири национална омраза. Покрај пријавата за директорот на прилепската гимназија, истовремено поднесуваме кривична пријава против Жарко Темелкоски, директор на Средното индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ за истото дело. Надлежните институции мора да постапат по вакви груби злоупотреби на учениците во партиски цели. Никој не смее да злоупотребува ученици за партиски интереси – вели Миле Талевски, член на Советот во Општина Прилеп од СДСМ.

Талевски соопшти дека денеска ќе побараат и итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Прилеп, на која мора да присуствува и градоначалникот Марјан Ристески. Барањето било потпишано од една третина од советниците, со што според Законот за локална самоуправа, претседателот на Советот е должен да свика седница.

Од СДСМ Прилеп велат дека локалната самоуправа во Прилеп е должна да ги осуди злоупотребите на ученици во средните училишта во тој град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...