fbpx

СДСМ предлага алтернативи место патни трошоци на пратениците

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев, денеска предложи четири алтернативи за регулирање на патните трошоци на пратениците. Моментално, од 120 пратеници, 71 пратеник го задоволуваат условот да наплаќаат за доаѓање на работa.

– Едно е постоечкото, меѓутоа да се регулира така како што е потребно за да не се злоупотребува. Најголемиот проблем во сегашниот начин во исплата на патните трошоци е злоупотреба на системот. Имало и има пратеници кои не патуваат секој ден, а кои наплаќаат патни трошоци. Со алатки, механизми и активности кои би го спречиле тоа, драстично ќе се намали сумата на патни трошоци што се исплаќаат на месечно ниво. Втората алтернатива е давање станови за користење, службени, државни станови. Третата алтернатива што ја нудиме е со давање надомест за одвоен живот и за изнајмување стан под кирија. Четвртата алтернатива која ја нудиме е хотелско сместување на тендер – вели Тунтев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека овие алтернативи произлегле по направена сеопфатна обемна анализа и дека овие предлози им ги доставил на координаторите на другите пратенички групи.

Тој побара блиска и плодна дебата меѓу сите пратенички групи за консензуално наоѓање на адекватно решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...