fbpx

СДСМ: Праведна даночна распределба за сиромашните да плаќаат помалку

-

Промените во даночниот систем ќе обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека тоа ќе го направат преку воведување на праведен персонален данок на доход, укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати, воведување на праведно оданочување за поседување на повеќе имот и посилно оданочување на луксузот.

– Истовреме ќе обезбедиме голема транспарентност во трошењето на парите од буџетот, праведност во плаќањето на некои јавни услуги и ќе работиме на зголемување на квалитетот на јавните услуги. Дополнително во секое семејство ќе влегува плата плус од поврат на 15 проценти на данок на додадена вредност (ДДВ) – додаваат од СДСМ.

Во соопштението се вели дека „уште во првите шест месеци од мандатот, на граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски утврдената минимална плата ќе им биде вратен износот кој како персонален данок на доход претходно бил уплатен од страна на нивните работодавачи.“

– Граѓаните чијашто основна дејност им е земјоделство и ги исполнуваат условите за паушално оданочување ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок на доход – велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...