fbpx

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури

-

Мора да се одблокираат парламентарните процедури и во согласност со деловникот што побргу да се избере претседател на Собранието, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за составување на новата влада“.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис-секторот и на иднината на државата. На веродостојни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламентарно мнозинство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека Европската Унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и со безбедноста.

„Тоа ги отвора и европските перспективи на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...