fbpx

СДСМ: Постојат само криминални нафтени платформи на ВМРО-ДПМНЕ

-

ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со тиранскиот однос кон граѓаните и државата и да ја почитува јасната порака од домашната и меѓународната јавност која повикува на здрав разум и овозможување на демократските процеси, порача СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните со наводни федерализации и поделби, само за да продолжи со криминалите како што е нафтената платформа во бизнисите што ги прават Мијалков и Груевски на штета на граѓаните. Постои единствено програма на новата реформска Влада на Македонија. Токму во таа програма е содржано се она што ВМРО-ДПМНЕ го посочува, а не го реализираше 10 години досега“, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека демократските процеси мора да се деблокираат и да се движат согласно Уставот, законите и волјата на мнозинството.

„Прв чекор кон тоа е избор на претседател на Собранието, а потоа и избор на нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани. Волјата на мнозинството кое гласаше за промени и нова Влада, ќе се испочитува. Собранието ќе добие претседател, а Македонија ќе добие нова реформска Влада на унитарна Македонија која ќе обезбеди владеење на правото и квалитетен живот во едно општество за сите граѓани“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...