fbpx

СДСМ поднесе иницијатива за намалување на патните трошоци за пратениците

-

Пратеничката група на СДСМ поднесе инцијатива за намалување на патните трошоци на пратениците, информираше координаторот Томислав Тунтев на денешниот брифинг со новинарите.

Со иницијативата се предлага патните трошоци од 30 отсто од цената на изминат литар бензин, да се намали на 15 отсто. За таа цел, потребно е менување на законот за плати на именувани функционери и законот за пратеници.

– Решението кое го предлагаме ќе биде со цел да се стави крај на манипулациите и шпекулациите во јавноста. Претседателот Талат Џафери го има предлогот, уште на 1 декември, но досега се нема изјаснето ниту една пратеничка група – рече Тунтев.

Тој потенцираше дека за оваа инцијатива очекуваат поддршка од сите пратеници вклучувајќи ја и опозицијата.

Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат, како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои од други лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...