fbpx

СДСМ побара поддршка од 10 пратеници за избор на претседател на Собранието

-

Оливер Спасовски, пратеникот на СДСМ, на денешното деветто продолжение на конститутивната седница, побара поддршка од 10 пратеници за да се гласа за избор на претседател на Собранието.

Според Спасовски, очигледно е дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека претресот за оваа точка треба да трае додека не се исцрпи листата на пратеници пријавени за зборување.

– Не смеете да спорите дека и Комисијата има право да дава предлог. Јас не спорам дека 20 пратеници можат да дадат предлог, но не може да си играме играчки со деловникот – рече Димовски.

На ова Спасовски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ прават насилство врз мнозинството во Собранието, по што претседавачот Трајко Вељаноски даде пауза од 15 минути.

– Илија Димовски се бореше пет дена да стане претседател на Комисијата за избори и за именувања, а опструира девет дена да стане претседател. Ставете го предлогот на гласање, третата точка нека остане, ќе гласаме за избор на претседател на Собрание, па ќе се вратиме на третата точка и ќе избереме Комисија. Ова е насилство што го правите врз мнозинството во Собранието – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...