fbpx

СДСМ: По ножиците на Груевски, скратени егзистенции

-

Додека Груевски секој ден зборува за виртуелни инвестиции, во реалноста секој ден работници остануваат на улица без работа или без плати, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека според последните информации, вработените во руската фармацевтска компанија „Продис“ десет месеци немаат земено плата, а компанијата имала и огромни долгови кон голем број домашни компании.

„Директорот на комапнијата се пожали на лоша финансиска состојба, запрено производството, магацини полни со неизвезени чаеви и хомеопатски лекови. Од исечените ленти и од најавената милионска инвестиција во Бунарџик на Груевски и на Пешевски, од нивните ветувања за стотина вработени, реалност се само работниците без плата и милионските долгови што ги направила компанијата. Денес, кога Груевски се шета каде ќе стигне и ветува што ќе стигне, како што самиот најави дека ќе си го поминува слободното време, би било добро повторно да се појави пред „Продис“ и овојпат да им каже на работниците и на јавноста што се случи и со оваа негова виртуелна инвестиција. Граѓаните знаат колку вакви проекции на Груевски видоа и знаат дека по сите црвени ленти и ножици на Груевски, исечена е единствено нивната егзистенција“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата велат дека откако индиската компанија „Индо минерали и метали“ прогласи стечај и си замина од рудниците Тораница и Добрево, 1.000 рудари останаа на улица, како и 50 вработени од турската компанија „Улак амбалаж“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...