fbpx

СДСМ: По „Мој термин“, Македонија паднала 4 места поради лош здравствен систем

-

Воведениот „Мој термин“ во здравството и другите лажни реформи на власта во заминување, им го отежнаа лекувањето на луѓето, поради што се итно потребни промени за заштита на здравјето на граѓаните, порача денеска СДСМ.

„Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека добиваат сè полоши здравствени услуги, поради нефункционален здравствен систем“, стои во соопштението од партијата.

СДСМ наведува дека Македонија, на оваа ЕХЦИ-скала, паднала за 4 места подолу во 2016 година, во однос на 2014 година.

„Македонија, во 2014 година била на 16. место. Тоа е годината по којашто е воведен „Мој термин“ во здравството (јули 2013). Но, во 2015 година, граѓаните наместо да доаѓаат до поквалитетни услуги во здравството, Македонија има пад за две места. Најновите податоци за 2016 година покажуваат дека Македонија паднала уште две места на скалата, со што сега е на 20. место од вкупно 35 земји во коишто се правени анализите“, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека падот покажува дека таканаречените проекти во здравството се лажни и дека граѓаните сè се помалку заштитени од здравствениот систем.

„Граѓаните ја препознаа несовесноста на Никола Тодоров и на власта во заминување кои се заинтересирани само за тендери, а не и за заштита на здравјето на граѓаните и затоа избраа промени. Само нова одговорна влада може да ги заштити граѓаните чие здравје е во опасност од криминалната власт во заминување“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.