fbpx

СДСМ: Одговорноста не е само на ЈП „Македонија пат“

-

Одговорноста за катастрофалната состојба со патните правци кон Охрид и во самиот град, предизвикана од снегот и од ладното време, не е само на ЈП „Македонија пат“, како што вели министерот за транспорт, Миле Јанакиески, сметаат од Општинската организација на СДСМ од Охрид.

„Власта на Груевски е таа што ги задолжи граѓаните на Македонија за милионски камени фонтани, споменици и за тркала, наместо да ги решава суштинските потреби. Затоа од првиот снег не се функционални голем дел од магистралните и регионалните патни правци, до малите улици“, додаваат од СДСМ.

– Миле Јанакиески и директорот на јавното претпријатие треба да им дадат одговор на граѓаните: дали е точно дека не се набавени доволни количества сол и ризла? Дали ризлата што е набавена на тендер е со катастрофален квалитет, поради што заглавува при опесочувањето – прашуваат од партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека, според нивните информации, во мометов резервите сол се доведени на минимум.

– При евентуални нови снежни врнежи, тоа количество нема да биде доволно за потребите. Бидејки солта се набавува од Република Албанија, ќе има проблем за евентуална итна набавка на нови количества. Возниот парк на ЈП „Македонија пат“ не е навремено технички сервисиран за зимската сезона. Многу моторни возила, како и опремата што ја користат, се технички дотраени. Мал број од возилата се во состојба да ја извршуваат својата функција. На пунктовите, каде што, според степенот на сериозност за условите, се потребни во функција пет возила, има три, а на пунктовите каде што е предвидено да има четири возила, има две. Значи нема услови да се почитуваат правилата од програмата предвидена од Агенцијата за државни патишта во однос на механизација за зимска служба – велат од СДСМ.

Оттаму тврдат дека во лоша состојба е и најголемиот дел од дополнително ангажираната механизација преку тендери, технички е неисправна, без соодветни соларки и ножеви, која е постара е од 20 години и затоа овие возила остануваат во дефект.

– ЈП „Македонија пат“ по паѓањето на првиот снег во Македонија изврши само делумно чистење на автопатиштата и на магистралните патишта, а регионалните патишта што се под нивна надлежност воопшто не се исчистени или се минимално исчистени, поради што сообраќајот е во застој и се одвива во крајно ризични услови за граѓаните. Наместо да се сликаат до настанатите проблеми, претставниците на Владата на Груевски веднаш нека ги свртат приоритетите кон граѓаните. Одговорноста за целата ситуација е на власта на Никола Груевски – велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...