fbpx

СДСМ: Новата влада ќе изгради нов клинички центар, Тодоров си оди!

-

„Нов клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада. Како што е предвидено во програмата за работа на новата влада, граѓаните на Македонија ќе добијат модерен и функционален универзитетски клинички центар, што ќе обезбедува висококвалитетни услуги за сите граѓани“, порача СДСМ денеска, откако министерот за здравство на техничката влада ги објави победниците на тендерот за изградба на нов клинички центар.

„Да сакаа Никола Тодоров и Никола Груевски да биде изграден новиот клинички центар, немаше да ги излажат граѓаните и ќе го реализираа даденото ветување од 2012 година. Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година! Денеска е 23 април 2017 година, а од новиот клинички центар сè уште ги има само тарабите покрај кои се шетаа Тодоров и Груевски пред три години. Вистинската причина зошто нема нов клинички центар досега, се неодговорните политики на Тодоров, за кого беа поважни „Ивонче милионче тендери“, наместо вистинска заштита на здравјето на граѓаните. Ќе го преиспитаме работењето на Тодоров, вклучувајќи го и скандалозниот, сомнителен тендер за клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...