fbpx

СДСМ: Никола Груевски вчера виде што значи кога народот врие

-

„На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај. Револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира“, велат од СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Илија Димовски.

„По дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест, Никола Груевски виде што значи кога народот врие. Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и на опозицијата: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, да прекине прогонот на демонстрантите, одговороност за криминалците на власт и владеење на правото, влада што ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и веродостојни избори“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина и дека тоа е причината за паничната реакција на уплашениот врв во ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...