fbpx

СДСМ: Најавениот ребаланс на буџетот е погубен за Македонија

-

Единствената цел на новиот ребаланс на буџетот е создавање услови и атмосфера за ново задолжување преку еврообврзница, а новиот министер за финансии, Кирил Миноски, треба да знае дека тој носи директна одговорност со ставањето на сопствениот потпис за ново огромно задолжување на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ за предлог-ребалансот на буџетот што синоќа на седница го усвои Владата.

„За Миноски задолжување преку еврообврзница е нешто како банкарска гаранција во Народна банка, свеж капитал за зголемување на приватната потрошувачка, а не ново задолжување на граѓаните. Очигледно, тој се нафатил да го спасува својот шеф Никола Груевски штом изјави дека со ребалансот планира да крати кај капиталните инвестиции, а истовремено со тоа да го зголемува буџетскиот дефицит. Кирил Миноски нека ја прочита веб-страницата на Министерството за финансии за да види дека капиталните инвестиции од почетокот на оваа година имаат катастрофална реализација од само 16 отсто и се за 20 милиони евра помали во однос на минатата година“, стои во реакцијата на опозициската партија.

Оттаму велат дека кратењето на капиталните инвестиции и зголемувањето на референтната каматна стапка од страна на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, ја водат економијата во ризик од рецесија и кон пораст помал од еден отсто.

„Тоа значи дека ќе имаме и историски највисоко ниво на буџетски дефицит од 4,3 отсто“, додаваат од СДСМ.

Тие му порачуваат на Миноски да не го слуша слепо Груевски, бидејќи сите што го направиле тоа денеска се соочуваат со десетици кривични пријави.

„Со нов долг и со клиентелистичкото истурање на нови стотици милиони евра, Никола Груевски сака за момент да се спаси од правдата што му следува. Миноски треба да знае дека со самото предлагање на новиот ребаланс, тој станува директен соучесник“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...