fbpx

СДСМ: Музеј на Македонија најдобро говори за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите

-

„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран, со урнати плафони и со мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство“, велат од СДСМ.

Во соопштението на владејачката партија се додава дека додека преку „криминалните тендери за градење лажен барок и споменици, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеа и ги трошеа парите на граѓаните, значајните културни институции и градбите од историско и културно значење беа занемарени и оставани да скапуваат и да се распаѓаат“.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од штетите настанати од поплавата по вчерашното невреме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...